Tiande - Mk™️
Сол за тело “медена праска”
Сол за тело “медена праска”
Couldn't load pickup availability
Tехнологија која длабински чисти, омекнува и ја подобрува микроциркулацијата на кожата.
Солта за тело е производ кој може да се користи на целото тело. Минијатурните зрна сол нежно ги отстрануваат мртвите клетки од епидермисот на кожата, ја подобруваат циркулацијата на крвта во ткивата и ја измазнуваат кожата.
Солта помага да се отстранат токсините, и го враќа убавиот тен на кожата и и дава еластичност.
Ефикасно го отстранува целулитот и го спречува создавањето на стрии.
Се препорачува за употреба со антицелулитен комплекс и е идеално средство за тонирање и за млада и за зрела кожа.
Етеричното масло од портокал, кое е дел од солта, има антиоксидантни својства и благотворно делува на кожата. А екстрактот од праска е познат по својата висока биолошка активност. Извонредно ги заситува клетките со влага и помага во обновувањето на хидролипидниот слој на епидермисот.
Лесната и нежна арома на сочната праска ќе ви даде добро расположение и чувство на сино лето во текот на целиот ден.
АКТИВНИ СОСТОЈКИ:
- Морска сол – ја заситува кожата со минерали. Солта се извлекува од морето по природен пат (преку испарување на водата под влијание на Сонцето). Кристалите на сол обезбедуваат одличен ефект на пилинг и масажа, полирање на кожата. Користењето козметика со морска сол го подобрува тенот, ги чисти порите и ја прави кожата мазна и свиленкаста.
- Етерично масло од портокал – има одлични тонизирачки својства, го стимулира обновувањето на клетките и го зголемува протокот на крв, ги чисти порите на кожата и ефикасно го отстранува целулитот. Ароматерапиското дејство на маслото е заживувачко и има антидепресивно дејство.
- Екстракт од праска – богат со витамини, има антиинфламаторно, хидратантно и подмладувачко дејство. Помага во обновувањето на природната заштита на кожата, дава еластичност.
- Екстракт од рузмарин – има силно антиоксидантно и антисептично дејство, освежува и ја ублажува мускулната напнатост.
Екстрактот од јојоба – богат со антиоксиданси и протеини, прекрасно ја омекнува кожата и има идеално навлажнувачки ефект.
НАЧИН НА УПОТРЕБА: Нанесете сол на влажна кожа и масирајте со нежни кружни движења. По постапката, измијте се со вода.
Share
